четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почина Едуард Кукан

Почина Едуард Кукан

Поранешниот министер за надворешни работи на Словачка и пратеник во Европскиот парламент Едуард Кукан почина на 82 годишна возраст.

Кукан на министерската позиција беше од 1998 до 2006 година. Во Европскиот парламент пратеник беше од 2009 до 2019 година.

Неофицијално починал како последица на срцеви проблеми.

Потврда за неговата смрт локалните медиуми добиле и од Правниот факултет на Универзитетот Коменски во Братислава каде тој предавал меѓународно право и меѓународни односи.