Поранешниот американски министер за одбрана Ештон Картер, познат по тоа што им даде право на жените да служат во американската војска и ја укина забраната за трансродовите лица, почина на 69-годишна возраст.
Картер, секретар во последните две години од администрацијата на претседателот Барак Обама (2015-2017), почина синоќа по срцев удар, соопшти Универзитетот Харвард, каде претходните години работеше поранешниот шеф на Пентагон.
Во декември 2015 година, по три години проучување и дебата, Картер и нареди на војската да ги отвори сите работни места за жените, отстранувајќи ја последната бариера за учество на жените во борбите, вклучувајќи ги и најопасните позиции.
Следната година, Картер одобри укинување на забраната за трансродовите лица да служат во американската војска.