Американскиот книжевник Филип Рот почина во текот на ноќта во 85-тата година од конгестивна срцева слабост, соопшти неговиот агент Ендрју Вејли.
Филип Рот е автор на повеќе од 30 збирки приказни и романи. Прв негов роман беше„Збогум, Колумбо” во 1959 година, но слава доживеа во 1969 година, со „Портноевата болка”.
За романот „Американска пасторала“ во 1998 година ја доби Пулицеровата награда.