Принцезата Мари од Лихтенштајн почина вчера на 81 година, јавува агенцијата АФП повикувајќи се на соопштение на кралското семејство.
Принцезата починала во болница.
Во средата таа имала мозочен удар, а починала во болница во саботата, додава Франс пресс.
Во соопштението од семејството е наведено дека бараат разбирање, но и дека натамошни информации нема да бидат споделени.