недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почина сопругата на амбасадор која беше повредена во експлозијата во Бејрут

Почина сопругата на амбасадор која беше повредена во експлозијата во Бејрут

Сопругата на холандскиот амбасадор во Либан почина денеска од повредите со кои се здоби во експлозијата што се случи во пристаништето во Бејрут во вторникот, соопшти холандското Министерство за надворешни работи.

-Хедвиг Волтманс-Молиер (55) била повредена додека седела покрај нејзиниот сопруг, амбасадорот Јан Волтманс, во дневната соба во нивната куќа во Бејрут, соопшти Министерството.

Масовната експлозија предизвика огромна штета на холандската амбасада, при што повредени се и четири други лица.