среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почина Владимир Жириновски, лидерот на Либерално-демократската партија на Русија

Почина Владимир Жириновски, лидерот на Либерално-демократската партија на Русија

На 75-годишна возраст денеска во Москва почина лидерот на ултрадесничарската Либерално-демократска партија на Русија, Владимир Жириновски

Веста ја соопшти Вјачеслав Володин, претседател на Думата.

Жириновски беше примен во болница на 2 февруари со дијагноза Ковид-19.

Жириновски е роден во Алмати, Казахстан. Тој е руски политичар, основач и лидер на Либерално-демократската партија на Русија, заменик-претседател на руската Дума и член на Советот на Европа.