понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поддршка од пет милиони евра за Уганда од ЕУ во борбата против ебола

Поддршка од пет милиони евра за Уганда од ЕУ во борбата против ебола

Европската комисија соопшти дека мобилизира пет милиони евра поддршка за Уганда која се соочува со нов бран на ебола.

Со оваа помош ќе се поддржат клиничките тестирања на вакцини и третмани против суданскиот сој на ебола за кој не постои во моментов ниту лек ниту вакцина.

Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, порача дека со оваа итна помош за Уганда ЕУ се обидува да придонесе во контрола на епидемијата, која е смртоносна и “многу загрижувачка“, рече таа.

-Ќе обезбедиме пет милиони евра финансии за клинички тестирања за вакцини и третмани водени од Светската здравствена организација и владата на Уганда. Ова е конкретен пример кој покажува дека нашите дела одат подалеку од границите на ЕУ, рече еврокомесарката за здравство.

Петте милиони евра за поделени на два: четири милиони евра за вакцините, еден милион за третманот.  (МИА)