сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Подољак: Рускиот напад врз Украина ги забрза внатрешните процеси во Русија, тие процеси може да доведат до граѓанска војна

Подољак: Рускиот напад врз Украина ги забрза внатрешните процеси во Русија, тие процеси може да доведат до граѓанска војна

Советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак изјави дека рускиот напад врз неговата земја ги забрза внатрешните процеси во Русија.

Тој истакна дека тие процеси може да доведат до граѓанска војна.

Додаде дека не разработиле соодветен социјален договор, но дека во Русија се е засновано на забрани, пренесува Onet.pl.

„Тоа значи дека секогаш треба да ги затегнете шрафовите, кои сепак порано или подоцна ќе пукнат. Ова е стандардниот, класичен начин на Русија, кој отсекогаш бил познат“, вели Подољак.

Сепак, смета Подољак, војната во Украина ги забрза деструктивните процеси.