среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Подољак: Западните сојузници одобрија напади врз руски цели на Крим

Подољак: Западните сојузници одобрија напади врз руски цели на Крим

Украина тврди дека не нејзините западни сојузници одобриле напади врз руски цели на полуостровот Крим.

Денес постои апсолутен консензус дека можеме да уништиме сè што е руско на окупираните територии, како на пример на Крим, изјави синоќа на украинската телевизија советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак.

Тој додаде дека западните партнери минатата година сè уште беа против украинските напади на Крим, кој е анектиран од Русија во 2014 година.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев реагираше на изјавата на Подољак, истакнувајќи дека тоа е доказ за „соучесништвото на Западот во војната против Русија“.