вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Погреб во бело: Гастрономската елита се прости од Бокус

Погреб во бело: Гастрономската елита се прости од Бокус

Над 1.500 готвачи облечени во бели униформи дојдоа во катедралата во Лион за да се простат од Бокус.
Најпознатиот Француски готвач, кој почина во саботата на возраст од 91 година, сакал скромна церемонија во неговото родно село.

Но, интересот од целиот свет бил преголем, така што илјадници лица се собраа во катедралата во Лион. Пред катедралата биле инсталирани и два големи екрани за да можат гостите од целиот свет да ја следат церемонијата.

Врвните готвачи од целиот свет буквално го преплавија градот, а од Бокус се прости лично и министерот за внатрешни работи на Франција и поранешен градоначалник на Лион, кој во емотивниот говор рече дека Франција го загуби својот најголем амбасадор.

Бокус во седумдесеттте години од минатиот век направи вистинска револуција на Француската кујна , вклопувајќи ги новите вкусови во традиционалните рецепти.