Полицијата во Берлин испитува свој вработен под сомневање дека шпионирал турски претставници на опозицијата кои живеат во Германија, во корист на турските тајни служби.
– Ако обвиненијата против ова лице се покажат како точни, ќе биде отстранет од берлинската полиција, изјави шефицата на полициската канцеларија во градот, Барбара Словик.
Според весникот „Тагесшпигел“, германските безбедносни служби го следеле високиот полициски службеник.
Главното обвинение против него е дека тој и предал информации на турската Амбасада за адресите на критичарите на Владата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.