среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата во Ротердам уапси 23 лица поради судирот меѓу курдската и турската заедница

Полицијата во Ротердам уапси 23 лица поради судирот меѓу курдската и турската заедница

Холандската полиција уапси 23 лица поради нередите кои избија во Ротердам за време на протестите поради офанзивата на Турција во Сирија. Судири избија меѓу припадници и турската и на курдската заедница.

На демонстрациите во центарот на градот, синоќа прво се собраа Курдите, кои ја осудија офанзивата во Сирија, а потоа почна и контра-митинг на припадниците на турската заедница.

Во нередите тројца полицајци се полесно повредени. Турција на 9 октомври почна офанзива против курдските милиции во Сирија.