Претставник на Државната служба за вонредни состојби Олег Бондар соопшти дека околу половина од територијата на Украина треба да се расчисти од нагазни мини.
Бондар рече дека за околу 300.000 квадратни километри земја се потребни хуманитарни напори за деминирање, а големо количество експлозив сè уште има и во областите кои се вратени од руските војници.
Тој информира дека моментално напорите се концентрирани во близина на Киев и другите северни области на земјата, а во тек се проверки и во регионите Харков и Николаев, и покрај тоа што се цели на руско гранатирање.
Во Ирпин, во близина на Киев, заврши расчистувањето, но Бондар вели дека сè уште треба да се пребараат приватните земјишта за што е потребна дозвола од сопствениците. (МИА)