петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Помпео го повика Ирак да го зачува својот суверенитет

Помпео го повика Ирак да го зачува својот суверенитет

Американскиот државен секретар Мајк Помпео телефонски разговараше со ирачкиот премиер Адел Абдел Махди и му укажа дека Ирак треба да го зачува својот суверенитет и покрај „нападите“ на Иран.

Тој го изјави ова еден ден по ракетниот напад врз американската Амбасада во Багдад, која се наоѓа во Зелената зона во градот која е многу обезбедена.

Во телефонскиот разговор, Помпео изрази „огорченост поради повторните напади на иранските вооружени групи врз американски објекти во Ирак“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

– Ирачката Влада треба да преземе итни мерки за да ги заштити нашите дипломатски објекти, како што е предвидено со меѓународното право, напиша Помпео на Твитер.