САД планираат Хутите, проиранското шиитско движење во Јемен, да го прогласат за странска терористичка организација, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Изјавата на Помпео, како што се верува во дипломатските и хуманитарни кругови, може да ги загрози мировните разговори и да ги комплицира напорите за надминување на најсериозната хуманитарна криза во светот.
-Стејт департментот ќе го извести Конгресот за мојата намера да го прогласам движењето Ансар Алах, понекогаш наречено Хути, за меѓународна терористичка организација, најави Помпео во пресрет на преземањето на администрацијата на новиот претседател Џо Бајден, на 20 јануари, јавуваат британските медиуми.
Американскиот државен секретар кажа дека планира да ги прогласи тројцата лидери на Хутите за специјално обележани глобални терористи, што аналитичарите го толкуваат како обид на соработниците на Трамп пред заминување да и отежнат на администрацијата на Бајден за рестарт на дијалогот со Иран и враќање на САД во рамките на меѓународниот нуклеарен договор. (МИА)