сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јеменските бунтовници Хути тврдат дека извршиле напади врз Израел

Јеменските бунтовници Хути тврдат дека извршиле напади врз Израел
епа

Јеменските бунтовници Хути денеска ја презедоа одговорноста за нападите со дронови и ракети врз Израел за првпат, што дополнително го вовлекува Иран во конфликтот.

Хутите веќе беа осомничени за ракетен напад во Црвеното Море претходно овој месец, кој беше спречен кога воен брод на американската морнарица ги собори проектилите.

Овој пат, Израел соопшти дека неговите борбени авиони и ракетниот одбранбен систем Стрела (Arrow) два пати за неколку часа собориле канонада ракети кои биле насочени во правец на Еилат, пристаниште на Црвеното Море.

Хутите, кои го контролираат главниот град на Јемен, Сана од 2014 година, во денешното соопштение признаа дека стојат зад денешните напади врз Израел.

Хутите користат варијанта на своја балистичка ракета Буркан, моделирана по тип на иранска ракета, за која се верува дека може да помине повеќе од 1.000 километри за да го погоди Еилат.

Соопштението на Хутите дополнително го вовлече Иран во конфликтот. Техеран долго време ги спонзорира и Хутите и Хамас.

Иран долго време негира дека ги вооружува Хутите, иако постои основано сомневање дека им испраќа пушки, ракетни гранати, проектили и друго оружје преку поморски патишта. ј