понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Помпео: Санкциите кон Пјонгјанг ќе бидат укинати по денуклеаризацијата

Помпео: Санкциите кон Пјонгјанг ќе бидат укинати по денуклеаризацијата

САД, Кина и Јужна Кореја се едногласни во ставот дека санкциите кон Северна Кореја ќе бидат укинати дури откако земјата целосно ќе се ослободи од нуклеарното оружје, изјави денеска во Пекинг американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Како што јави ДПА, по средбата со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, Помпео истакна дека Кина ја потврдила својата посветеност кон резолуциите на Советот за безбедност на ОН, со кои се воведени санкциите кон Пјонгјанг.

– Санкциите содржат и механизми за олеснување и се согласивме дека во соодветен момент ти ќе бидат земени предвид, изјави Помпео.

Тој најви дека во текот на следниве недели, САД и Северна Кореја ќе работат заедно за добивање на целосни информации за нуклеарната програма и ќе започнат да работат задно на спроведување на обврските од договорот што го постигнаа американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на средбата во Сингапур во вторникот.

Трамп и Ким во Сингапур потпишаа договор со кој Северна Кореја се обврза да изврши денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, во замена за ветување од САД дека ќе и пружат безбедносни гаранции.

(Миа)