Државниот секретар на САД, Мајкл Помпео се состана со кандидатот на новоизбраниот претседател Џозеф Бајден за таа функција, Ентони Блинкен, со цел „да се олесни уредната транзиција и да се осигури дека американските интереси се заштитени во странство“, изјави висок претставник на Стејт департментот.
-Нивната средба беше многу продуктивна, рече официјалното лице.
Тој додаде дека Помпео, Блинкен и нивните тимови „ќе продолжат да работат заедно во име на САД во текот на целиот преоден рок“.