четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поради протестите на „Жолтите елеци“ откази добиле дури 43.000 Французи

Поради протестите на „Жолтите елеци“ откази добиле дури 43.000 Французи

Антивладините протести на „Жолтите елеци“ најмногу влијаеа на падот на економскиот раст во Франција, а сето тоа резултираше со затворање на бројни работни места.

Како што пренесуваат француските медиуми, околу 43 илјади луѓе во Франција останале без работа поради протестите на „Жолтите елеци“ кои што во оваа земја започнаа на 17-ти ноември и секој викенд се повеќе се прошируваа низ целата земја и по бројот на масовност.

Според податоците на Министерството за економија на Франција, бројни компании претрпеа огромна материјална штета поради протестите на „Жолтите елеци“. Покрај тоа што без работа останале 43 илјади луѓе, се тврди дека на државата ѝ била нанесена штета од околу 28 милиони евра.

Ањес Пание-Рунаше, државна министерка за економски прашања, за француските медиуи истакна дека поради протестите, за 25% бил забележан помал промет на стоката во трговијата.

Инаку, за време на протестите на „Жолтите елеци“, кои што првенствено започнаа поради одлуката на француската влада да ги зголеми цените на горивото, загинаа 10 лица, приведени беа 4,341 лице, а со повреди завршија над илјада лица.

Антивладините протести на „Жолтите елеци“ најмногу влијаеа на падот на економскиот раст на Франција, исто како и трговските војни кои што се водат во светот, а кои што предизвикаа помала „бизнис безбедност“ во многу земји ширум светот.