четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поранешен офицер со шокантно тврдење за хемиското оружје по нападот во Сирија

Поранешен офицер со шокантно тврдење за хемиското оружје по нападот во Сирија

Поранешен офицер, кој бил вклучен во сириската програма за хемиско оружје, тврди дека нападите на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија погодиле „делови, но не и срцето“ на таа програма.

Поранешниот капетан Абдулсалам Абдулразек, кој моментно се наоѓа на територијата на северна Сирија, која е под контрола на бунтовниците, смета дека воздушните напади нема да ја онеспособат Сирија да произведува хемиско оружје и да извршува нови напади.

Тој истакна дека во Сирија имало околу 50 магацини за хемиско оружје, пред таа програма да биде прекината во 2013 година. Абдулразек верува дека магацините и понатаму постојат и тие се поместуваат по потреба.

Според него, програмата е делумно прекината, бидејќи Дамаск не дозволи инспекција на постоечките складишта за хемиско оружје.

Абдулразек беше во источниот дел на Гута до 2012 година, кога побегна од сириската војска.

МИА