Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак денеска е осуден на 12 години затвор за обвиненија за корупција во врска со злоупотреби во државниот фонд за развој 1МДБ, јави ДПА.
Разак претходно беше прогласен за виновен во Високиот суд во Куала Лумпур за обвиненијата за изгубена доверба, перење пари и злоупотреба на службената должност.
Тој истовремено е казнет со 210 милиони рингити (49,3 милиони долари). Доколку не ја плати казната, тој се соочува со уште пет години затвор, наведе германската агенција.
Адвокатите на Разак најави дека ќе поднесат жалба на пресудата, која е прва од серијата судење против поранешниот премиер на Малезија, кој на чело на владата беше од 2009 до 2018 година. (МИА)