Во меѓувреме, овозможен е и коридорот за евакуација од главниот град на Украина, кој поминува низ урнатините на уништениот мост за да го спречи влезот на руските воени сили во Киев.
Илјадници цивили, главно жени, постари и деца, беа евакуирани од областите Буча и Ирпин северозападно од Киев со помош на украинските војници и милиции. Меѓу нив во униформа беше и поранешниот украински претседател Петро Порошенко, кој го повика светот да го запре теророт на Путин врз украинските цивили. (Изјава)
„Целиот слободен свет е против манијакот и лудак Путин. Гледате дека Путин напаѓа деца, Путин напаѓа постари лица, Путин напаѓа жени, бидејќи нема владеење на правото. Тој е воен злосторник и треба да биде во Меѓународниот кривичен суд во Хаг и во затвор за одговорност за убиство на Украинци.
Имаме потреба да се воведе зона за забранети летови за да го заштитиме цивилното население. Ни треба итно, ни треба сега, едноставно, не дозволувајте Путин да го уништи целиот свет“, рече Петро Порошенко, поранешен претседател на Украина.