Од полноќ во Лондон и некои делови на Есекс и Хертфордшајр ќе бидат воведени построги мерки за ограничувања поради зголемениот број случаи на заразени со коронавирус, пишува британскиот весник „Мирор“.
Многумина вчера ја искористиле последната можност да ги посетат пивниците и терасите на отворено.
Од денеска ноќните клубови, кафулињата и рестораните ќе можат да служат пијалак само за носење.
Декември му донесе нови проблеми на британскиот угостителски сектор.
Промените ги најави министерот за здравство Мет Хенкок во понеделникот, што предизвика незадоволство меѓу угостителскиот сектор.