Напорите на спасувачите продолжија и денеска откако тајфунот Чаба преполови товарен брод со 30 членови на екипажот во Јужно Кинеско Море, јавија кинеските медиуми.
Спасувачките тимови досега спасија само тројца членови на екипажот на бродот што тонеше, на 300 километри западно од Хонг Конг, што Кина го нарекува свој специјален административен регион.
Засега останува нејасно што се случи со останатите 27 членови на екипажот на бродот, јави South China Morning Post.
Весникот наведува дека бродот „Фуџинг001“, што пловел под кинеско знаме, рано утринава побарал помош, кога тајфунот се спуштил врз него.
Видео снимка од спасувањето покажува како еден член на екипажот со јаже од хеликоптер е извлечен од бродот, непосредно пред да потоне под него.
Спасувачките операции се отежнати од брановите што достигнуваат височина и до 10 метри, а видливоста е помала од 500 метри. (МИА)