Шефот на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), Јунус Сезер, изјави дека потрагата и спасувањето ќе заврши денеска навечер.
Досега се регистрирани повеќе од 46.000 жртви од разорните земјотреси во Турција и Сирија.
Бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многумина сè уште се водат за исчезнати. Ниту Турција ниту Сирија сè уште не соопштија колку луѓе се водат за исчезнати.