вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Повеќе од 40 луѓе се повредени за време на масовни прослави во Барселона

Повеќе од 40 луѓе се повредени за време на масовни прослави во Барселона

Најмалку 43 лица се повредени, од кои тројца посериозно, за време на масовни прослави во Барселона, на кои се консумирало големо количество алкохол, пишува весникот „Ел Диарио“.

Според медиумските наводи, за време на втората вечер од фестивалот Ла Мерсе, локалните власти пријавиле 20 случаи на притвор, 13 вооружени напади и два запалени автомобила на Цивилната гарда. Полицијата дури рано утрово успеала да го растера насобраниот народ.

Агенцијата ЕФЕ, исто така, соопшти за тепачки и судири меѓу групи млади луѓе и полиција на плоштадите низ Шпанија.

Фестивалот Ла Мерсе традиционално се одржува во Барселона кон крајот на септември и трае неколку дена. Тој се одбележува со масовни прослави, улични прошетки и „живи кули“ од луѓе. (МИА)