Повеќе од половина милион луѓе се вратиле во Украина од почетокот на руската инвазија, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.
– Минатата недела 144.000 луѓе ја напуштија Украина, а дојдоа 88.000. Вкупно (…) околу 537.000 наши сонародници се вратија во Украина, соопшти Министерството, цитирајќи податоци од Државната гранична служба.
Високиот комесаријат на ОН за бегалци (CROMAC) во саботата регистрираше 4.176.401 Украинец кои ја напуштиле земјата од почетокот на инвазијата на 24 февруари, што е за 38.559 повеќе отколку во извештајот претходниот ден. Европа не доживеала ваков бегалски бран од Втората светска војна.
Украина пред конфликтот имаше повеќе од 37 милиони жители.