По убиството на градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович, полицијата уапсила три лица зошто на социјалните мрежи повикувале на нови убиства.
Министерот Јоахим Бруџински изјавил дека се работи за „интернет тролови“ и „неурамнотежени“ лица.
Адамович беше либерален градоначалник, избран дури шест пати. Почина еден ден откако со нож го нападна поранешен осуденик.
Напаѓачот го избоде со нож Адамович на бината за време на голем хуманитарен собир, по што извикал дека со тоа ѝ се одмаздува на поранешната владеачка партија, зашто, како што рекол, невин бил во затвор.