Пожарникарите денеска спасија неколку стотици лица кои се качија на покривот на Светскиот трговски центар во Хонг Конг и останаа заробени откако во облакодерот избувна голем пожар.
Пожарот беше изгаснат неколку часа подоцна, соопшти противпожарната служба.
Покрај стотиците лица на покривот, десетици други беа заглавени во отворените, н о тесни, простории на петтиот кат.
Пожарникарите користеле скали што се расклопувале за да стигнат до нив.
Од зградата се спасени вкупно 770 лица, а 40 од нив сами излегле.
Најмалку 13 лица се префрлени во болница, од кои тројца поради повреди, а десет поради вдишување чад.
Во кулата од 38 ката има и деловен простор и трговски центар.
Прелиминарната истрага укажува дека пожарот избувнал во просторија со електрични прекинувачи, на првиот кат од трговскиот центар, а потоа се проширил на скелињата што опколувале дел од зградата.