Пожарот во мигрантскиот капм Липа, во близина на Бихаќ е ставен под контрола, но целата инфраструктура е уништена или оштетена, изјави шефоt на мисијата на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Босна и Херцеговина, Питер Ван дер Оверарт.
Тој истакна дека пожарот бил предизвикан од мигрантите со палење на шаторите и контејнерите.
Иако Советот на министри на БиХ минатата недела одлучи кампот Лила да остане и да бидат поставени контејнери во кои мигрантите ќе ја поминат зимата, ИОМ денеска одлучи да се затвори кампот поради недостиг на услови за претстој.
На одлуката да кампот остане во Липа се спротивстави Партијата за демократска акција на Бакир Изетбеговиќ, која побара мигрантски камппови да се постават и на територии каде не живеат само Бошњаци. (МИА)