Ирската авиокомпанија Рајнер денеска соопшти дека тековната фискална година ќе биде „најпредизвикувачка“ во нејзината 35-годишна историја и ќе има голем финансиски пад, бидејќи државите ги заоструваат ограничувањата за патувања со цел да се спречи ширењето на новиот вид на Ковид-19.
Рајнер најверојатно ќе забележи нето загуба од 850 милиони евра до 950 милиони евра за фискалната 2021 година, која завршува во март.
Компанијата соопшти дека во последниот квартл од 2020 година има нето загуба од 306 милиони евра, додека во истиот период во 2019 година имаше добивка од 88 милиони евра.
Приходите на компанијата во последниот квратл од 2020 година се намалиле за 340 милиони ерва, додека во последните три месеци од 2019 година имала приход од 1,91 милијарди евра.
– Ковид-19 продолжува да ја пустоши авиоиндустријата, Воздушниот сообраќај е сериозно погоден за време на божиќните и новогодишните празници поради забраната за патување на британските патници воведена кон крајот на декември, што резултираше со драстичен пад на бројот на патници до 83 проценти. Од октомври до крајот на декември 2020 година компанијата превезе само осум милиони патници, дури 78 проценти помалку во споредба со истиот период од 2019 година, се наведува во соопштението на Рајнер. (МИА)