среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Преку хуманитарниот коридор околу 2.000 возила успеале да излезат од Мариупол

Преку хуманитарниот коридор околу 2.000 возила успеале да излезат од Мариупол

Околу 2.000 возила денеска успеаја да излезат преку хуманитарниот коридор од украинскиот град Мариупол, кој е под опсада на руските сили и проруските сепаратисти, соопштија градските власти.

– На излезот од градот чекаат уште две илјади возила, додаде градскиот совет на Мариупол, не прецизирајќи колку луѓе можеле да побегнат од тој град, каде условите за живот се ужасни по неколкудневните бомбардирања и опсада.

Градските власти вчера изјавија дека околу 160 возила успеале да го напуштат градот преку хуманитарниот коридор.

Претходно, неколку обиди за евакуација на цивили преку хуманитарни коридори беа неуспешни, а градот под опсада е во се потешка ситуација. Стотици илјади луѓе во градот остануваат блокирани без греење, храна, чиста вода. (МИА)