Премиерот на Албанија Еди Рама и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ денеска се во посета на Киев на покана на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави црногорската новинска агенција Мина.
Абазовиќ синоќа заедно со Рама замина за Киев.
„За Киев, по покана на претседателот Зеленски“, напиша Рама на својата Фејсбук страница пред летот со Абазовиќ.
Абазовиќ пред неколку дена ја прифати поканата на Зеленски и рече дека ќе се заложи за идејата за заедничка посета на Киев на премиерите од Западен Балкан. зш/