Грузискиот премиер Георгиј Гахарија објави дека поднесува оставка. Тој објасни дека одлуката ја донел поради несогласувања со неговиот тим околу апсењето на лидерот на опозициската партија „Единствено национално движење“ Никонор Мелија.
Гахарија смета дека притворањето на опозиционерот им се заканува на многу граѓани. Претходно оваа недела, грузиски суд донесе одлука опозиционерот да биде уапсен откако одби да плати целосна кауција за кривично дело за обид за соборување на владата во јуни 2019 година.
Гахарија е на функција од 2019 година. Претходно раководеше со неколку министерства.