недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Премиерот на Перу поднесе неочекувана оставка

Премиерот на Перу поднесе неочекувана оставка

Перускиот премиер Анибал Торес денеска, неочекувано, поднесе оставка од функцијата.

Во објавата на Твитер тој посочи дека оставката е од „лични причини“.

Оставката на премиерот доаѓа во време на проширување на криминалните истраги насочени кон перуанскиот претседател Педро Кастиљо, а Торес се смета за еден од неговите најлојални сојузници.

Против Кастиљо се водат пет кривични истраги, од кои две истражуваат дали е член на криминална организација. Претседателите на Перу може да бидат под истрага додека се на функција, но не можат да бидат обвинети. (МИА)