Претседателите на балтичките држави и на Полска денеска ќе го посетат Киев и предвидено е да се сретнат со шефот на украинската држава Володимир Зеленски.
– Патуваме кон Киев со силна порака за политичка поддршка и воена помош. Литванија ќе продолжи да ја поддржува борбата на Украина за нејзиниот суверенитет и слобода. Заедно до победа, напиша на Твитер литванскиот претседател Гитанас Науседа.
Еиглес Левитс, Алар Карис, Анджеј Дуда и Науседа во Киев ќе разговараат за помош на украинската армија и цивили, како и за покренување на истрага за воени злосторства во Украина од страна на руските сили.