петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претседателката на ЕП ја повика Кина да започне дијалог со Тајван

Претседателката на ЕП ја повика Кина да започне дијалог со Тајван

Потпретседателката на Европскиот парламент (ЕП) Никола Бир ја повика Кина да започне „дијалог заснован на почитување“ со Тајван, по денешната средба со Цаи Инг- вен, лидерот на самоуправниот остров што Кина го смета за своја територија.

Бир рече дека Тајван е важен „на глобално ниво“ и ја повика Европската унија да го зголеми своето дипломатско присуство во Тајпеј и на Тајван да му биде дозволено да учествува на собранието на Светската здравствена организација.

Таа додаде дека Пекинг треба „да се воздржи од заканувачки гестови“ и дека „Тајван заслужува целосно да ја игра улогата на глобален, стратешки, одговорен и доверлив меѓународен партнер“.

„Само тајванскиот народ може да донесе одлука за иднината на Тајван“, рече Бир.

Цаи го поздрави зајакнувањето на економските односи на нејзината земја со ЕУ и усвојувањето на 20 резолуции во корист на Тајпеј во ЕП од почетокот на 2021 година.

Посетата на потпретседателката на ЕП на Тајван е најновата во низата активни потези на европските и американските политичари да се спротивстават на притисокот на Кина и нејзините обиди дипломатски да го изолира Тајван. (МИА)