среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претседателот на ГС на ОН повика на демилитаризација на нуклеарката Запорожје

Претседателот на ГС на ОН повика на демилитаризација на нуклеарката Запорожје

Нуклеарната електрана Запорожје мора да биде демилитаризирана и двете страни мораат да ги повлечат своите сили оттаму, нагласи денеска претседателот на 77. Генерално собрание на Обединетите Нации, Чаба Короси.

– Што се однесува на нуклеарната електрана Запорожје, ајде да ги наречеме работите со вистинско име. Тоа е главно прашање за нуклеарната безбедност. Ги повикуваме двете страни да ја демилитаризираат зоната околу нуклеарната електрана, да ги повлечат своите сили, за да бидеме сигурни дека нема воени операции на територијата на нуклеарката, изјави Короси.

Таквата одлука, според него, би била добра и за Украина и за Русија, но и за други земји.

Нуклеарната електрана Запорожје од почетокот на руската инвазија е под контрола на руските трупи.