Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието денеска изрази надеж дека наскоро ќе може да се постигне договор за модернизирање на трговскиот пакт НАФТА меѓу Мексико, Канада и САД.
Нието изјавата ја даде откако Мексико постигна согласност за трговски договор со Европската унија. Американскиот претседател Доналд Трамп повеќе пати се закани дека ќе го раскине договорот НАФТА, односно Северно-американскиот трговски договор, обвинувајќи ги Мексико и Канада дека ја злоупотребуваат отвореноста на американската економија. Договорот НАФТА е стар 24 години и во рамките на него годишно се постигнуваат договори вредни 1,2 трилиони долари.
МИА