понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претставници на ОН загинаа во воздушни напади во Појасот Газа, исчезнати француски деца

Претставници на ОН загинаа во воздушни напади во Појасот Газа, исчезнати француски деца

Персоналот кој работи со Палестинската агенција на ОН за бегалци (УНРВА) е убиен во воздушни напади, соопшти ОН.

Од саботата до денеска загинале девет лица кои работеле со ОН, соопшти УНРВА.

Во меѓувреме, француската премиерка Елизабет Борн изјави дека е потврдено оти се исчезнати неколку француски деца кои најверојатно се меѓу заложниците кои се држат во Појасот Газа.

Потврдено е и дека во нападите во Израел загинале десет француски државјани. Вкупно 18, меѓу кои е деца, се водат како исчезнати.

Претходно беше соопштено дека 17 Британци загинале или се водат како исчезнати по нападот на Хамас во Израел. Еден израелски функционер денеска ја потврди информацијата. Тој додаде дека меѓу загинатите има и најмалку 14 Американци.