недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

При експлозија на бомба во Авганистан загинаа седум цивили

При експлозија на бомба во Авганистан загинаа седум цивили

Во експлозија на бомба поставена покрај пат во авганистанскиот округ Џагату, во провинцијата Газни, загинаа седум цивили.

Според локалните власти при нападот загинале три жени, две деца и двајца мажи. Се уште никој не презел одговорност за нападот.

Според извештајот на Обединети нации во првите шест месеци од годината во вооружени судири во Авганистан загинаа 1.282 луѓе, а стотици се повредени. Повеќе од 40 проценти од цивилните жртви се жени и деца. (MИА)