Авганистанските безбедносни сили денеска убија најмалку тројца напаѓачи кои отвориле оган во хотел во Кабул, популарен помеѓу кинеските државјани.
Во нападот не е убиен ниту еден странец, но двајца се повредени кои се обидувале да побегнат, скокајќи од балкон.
Локалната болница соопшти дека хоспитализирани се 18 повредени лица.