Фармер (46) уринирал на ливада кога змија го каснала за пенисот. Поради оваа несреќа фармерот завршил во билница во Срингар во Индија.
Примен е во болницата после три часа откако змијата го каснала, но неговата здравствена состојба била стабилна, иако неговиот пенис бил изразено отечен и прекриен со пликови полни течност кои се наоѓале на местото каде завршиле забите на оваа змија.
Оваа змија локалното население ја нарекува “гунама” а се познати по силниот отров. Несреќниот човек бил на испитувања каде е утврдено дека неговата крв многу побрзо згуснала од просечното време, поради отровот. После три дена му е дозволено да замине дома, здравствената состојба му се подобрила бидејќи примил анти-отров.
Отокот на пенисот исчезнал четири дена после заминувањето од болницата, иако раните останале на местата каде што змијата го каснала.