петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Приведениот италијански офицер за шпионажа во корист на Русија со платата не успевал да ги покрие трошоците

Приведениот италијански офицер за шпионажа во корист на Русија со платата не успевал да ги покрие трошоците

Италијанскиот офицер приведен вчера за шпионажа во корист на Русија не успеал да ги покрие трошоците со својата плата, вели неговата сопруга во интервју за „Кориере дела сера“. Платата негова била 3.000 евра и тој не бил во можност да ги издржува своите четири деца и четири кучиња.

Италијанскиот офицер Валтер Биот е во притвор и ризикува затвор до 15 години за шпионажа, а двајца вработени во руската амбасада, бидејќи уживаат дипломатски имунитет, не можеа да бидат уапсени, но беа протерани.

Сопругата на уапсениот офицер тврди дека нејзиниот сопруг го сторил сето тоа од очај, бидејќи тој веќе не можел да си ги дозволи големите трошоци за кредитот за куќа од 1.200 евра, издржувајќи четири деца.

„Ние не потрошивме ништо за луксуз, само за основни животни потреби, пред се, за децата“, тврди неговата сопруга Клаудија Карбонара.

Според неа, нејзиниот сопруг „не е глупав, тој не продал ниту една важна информација, не сакал да ја загрози државата и им дал минимално на Русите“.

Според извештаите во медиумите, италијанскиот офицер добивал од 3.000 до 5.000 евра за секој доставен документ.

Некои медиуми иронично забележуваат дека тој ја изневерил државата за цена колку еден скутер.