Данска ќе воспостави привремени контроли на границата со Шведска од ноември, изјави денеска данскиот министер за правда, Ник Хекеруп.
Таа одлука доаѓа откако двајца Швеѓани во август беа обвинети за вмешаност во експлозија пред данската Даночна управа.
Премиерката Мете Фредериксен тогаш наведе дека данскатаВвлада размислува за затегнување на контролите на границата со Шведска.
Данска и Шведска се поврзани со мостот Ересунд во истоимениот теснец, преку кој секојдневно преминуваат илјадници граѓани на двете држави.