сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжува борбата за најголемата нуклеарна централа во Европа: Руските сили на работ од градот, Украинците се борат во одбрана

Продолжува борбата за најголемата нуклеарна централа во Европа: Руските сили на работ од градот, Украинците се борат во одбрана

Борбите за најголемата нуклеарна електрана во Украина, лоцирана во град Енерходар, се уште траат. Градоначалникот на Енерходар Дмитро Орлов, каде се наоѓа најголемата нуклеарната централа, изјави дека руските сили се на работ од градот и дека украинските сили се борат да го одбранат.

Ова електрана е главен снабдувач со електрична енергија во јужниот дел на земјата и задоволува околу една четвртина од потребите на Украина. Во меѓувреме, и украинските и западните медиуми, јавуваат дека во повеќе делови на Украина се водат борби. Попладнево во Киев се огласија сирените за опасност, а властите ги повикаа граѓаните да се засолнат. Во главниот град на Украина, на повоќе места се слушаат експлозии. Бројот на жртви при рускиот воздушен напад врз украинскиот град Чернив се искачи на 22 лица. (МИА)