недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пронајдена отсечена глава на бездомник во Тулон

Пронајдена отсечена глава на бездомник во Тулон

Полицијата во францускиот град Тулон денеска открила отсечена глава на бездомник во картонска кутија, која била исфрлена од прозорец на стан во една зграда.

Уапсен е еден осомничен, во чиј стан бил идентификуван бездомникот при полициска контрола претходниот ден, објави Радио Франс Инфо.

Полицијата трага по друг бездомник кој бил идентификуван при синоќешната контрола.

Многу улици во центарот на Тулон, пристаништен град на Азурниот брег и воена поморска база, се затворени, додека полицијата и армијата трагаат по други осомничени.