Полицијата во Сан Антонио пронашла џип во приватна гаража со шест безживотни тела, членови на семејство.
Четири од телата се на деца на возраст од 11 месеци до четири години, јавува АП.
Началникот на полицијата, Вилјем Макманус изјавил дека постои доказ дека не се работи за инцидент, но не навести дека за смртта на семејството некој друг е виновен.