недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пронајдени две тела под урнатините на зградата што се урна во Марсеј, се трага по најмалку шест лица

Пронајдени две тела под урнатините на зградата што се урна во Марсеј, се трага по најмалку шест лица

Две тела се пронајдени под урнатините на зградата што се урна вчера во Марсеј по силна експлозија, соопштија денеска француските власти, додека спасувачите трагаат по уште најмалку шест лица.

Телата се пронајдени околу 24 часа откако при експлозијата се урна четирикатна зграда во тој град на Средоземното Море.

Операциите за пребарување и спасување продолжија во текот на ноќта со помош на кран, но незапирливиот пожар под урнатините им ја отежна работата и пожарникарите не беа во можност да ангажираат кучиња трагачи.

„Со оглед на одредени потешкотии, извлекувањето (на пронајдените тела) ќе потрае одредено време“, најавуваат пожарникарите. Службите, како што се посочува, потоа ќе почнат да ги идентификуваат жртвите.

Пред да бидат пронајдени двете тела, локалниот обвинител Доминик Лоренс изјави дека осум лица „не одговарале на телефонски повици“.

Пет лица од соседните згради се здобиле со полесни повреди во експлозијата и уривањето.

Причината за експлозијата допрва треба да се утврди, но истражителите ја разгледуваат можноста за истекување на гас. Речиси 200 жители беа евакуирани.