понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пронајдени украдените слики од Реноар и Рубенс, меѓу уапсените и Хрват

Пронајдени украдените слики од Реноар и Рубенс, меѓу уапсените и Хрват

Италијанската полиција во Монца пронајде две слики, дела на Реноар и Рубенс, украдени во 2017 година, за што минатиот месец биле уапсени осум лица, меѓу и еден хрватски државјанин.

Единицата на карабињери, која се занимава со украдени уметнички дела, ги покажа овие две слики пред новинаририте во монца.

Истражителите наведуваат дека делата биле украдени во Монца, кога крадците, претставувајќи се како купувачи на сликите, стапиле во контакт со двојка дилери на уметнички дела. Крадците потпишале лажен договор, со кој се обврзале да платат 26 милиони евра за сликите, а потоа го искористиле невниманието на продавачите, ги зграбиле сликите и заминале со автомобилот.

Меѓу уапсените се и четворица државјани на Италија и еден на Австрија.

(Миа)